ЕКСКЛУЗИВНО – МВР ПО СЛИКИТЕ ЌЕ ГИ ОТКРИЕ ГЛАСАЧИТЕ СО ЛАЖНИ ЛИЧНИ КАРТИ

0
1786

МВР со специјален софтвер за неколку дена ќе ги открие и извршителите на тешките кривични дела,гласање со повеќе лични карти на кои им се заканува најмалку 5 години затвор.

Од МВР информираат дека ќе бараат и асистенција на полицијата на Република Албанија да се утврди дали во целиот овој процес се замешани и нивни граѓани.

licni_karti

МВР може да во својата база на податоци и слики со специјален софтвер го утврди името и презимето на лицето на сликите на личните карти и како што дознаваме за ова да се утврди требало неколку денови заради што има замешано повеќе лица.

Веќе има индиции дека дел од овие лица се од источниот дел на Македонија.