ЕБАТИ БАКСУЗОТ: Конгресменот со кој Грујо оствари средба во Вашингтон обвинет за примање поткуп!

0
1038

Ептен баксузно му тргна посетава денеска на Грујо на Вашингтон. Прво американската амбасада и откри на јавноста дека тој молел да се случи средбата, што е невиден срам за политичар во заминување кој ја користи последната шанса да се слика во форма на државник, за да потоа никој не го пречека на пристигнувањето во САД што е голема навреда за еден диктатор кој се замислува дека е државник, најново е дека конгресменот со кој оствари средба во конгресот е обвинет во јавноста како корумпиран и нечесен, што е реткост во американската политика! Таму не смее ни еден часовник да се добие на подарок а камо ли пак да се крадат милиони со провизии како шо слушнавме дека крадел Груевски.

Имено, конгресменот од Тексас, Пит Сешонс во 2008-ма му дал тендер тежок 1,6 милиони долари на својот пријател и осудуван криминалец Адријан Плеша кој тогаш работел за фирмата Џим Фергусон Ко која фирма никогаш немала искуство за работата за која го добила тендерот. Потоа се покажало дека Адријан Плеша бил најмен како лобист од фирмата за да фаќа врски кај функционери во Вашингтон.

Но ова не е единствен пример за корупција на конгресменот Пит. Тој имал лични конекции со бизнисменот Ален Станфорд од кого примил донации во висина од 44 000 долари и исто така добивал ваучери за туристички патувања на Карибите и летал со авионот на бизнисменот Станфорд кој потоа се покажа дека е голем криминалец и измиманик кој ги лажел своите клиенти и инвеститори и буквално ги ограби за стотици милиони долари и сега е во затвор.

Но ова не е се. Пит сега во моментов води некаков комитет во Конгресот кој е задолжен за тоа како се гласаат законите и буџетот во Конгресот. Па ова е неверојатна можност Грујо да му раскаже на американецов како се гласаше буџетот во 2012-та и како тој тогаш ја искуфери опозицијата и новинарите со клоци надвор од парламентот, можеби Американецот ќе сака да ги примени тие Груеви техники и во американскиот конгрес.