Досегашната претставничка во Венецијанската комисија, професорката Силјановска не била информирана дека режимската експертутка Каракамишева ќе ја замени

0
888

Владата ја назначи професорката Tања Kаракамишева за претставник на Mакедонија во реномираната Венецијанска комисија.Но никој од владата не ја информирал досегашната претставничка, професорката Гордана Силјановска  дека нема да биде веќе во комисијата, по завршувањето на нејзиниот втор мандат 23 јануари, иако има право на реизбор, пишува Телма.

Силјановска не сакаше да ја коментира смената, само потврди дека ја известиле од венецијалснаката комисија, каде е член на неколку подкомитети кои сега ќе останат без претставник од Македонија.

Именувањето на Каракамишева  не е спорно заради нејзината стручност. Но во статутот на Венецијанската комисија се вели: 

Комисијата ќе биде составена од независни експерти кои имаат значајни достигнувања преку нивното искуство во демократски институции или со нивниот придонес во подобрување на правото и политичките науки. Членовите на комисијата работат самостојно, во лично својство и не смеат да прифаќаат никакви  инструкции.

Токму оваа одредба отвора сомнежи за изборот на Каракамишева да ја претставува Македонија во највисокото европско тело за легислатива во Советот на Европа со оглед  на тоа што отворено ја подржува владејачката  партија.

Каракамишева  јавно секогаш ги брани законските проекти на владата, кои се пак предмет на проценка во Венецијанската комисија.

Каракамишева денеска за Телма не сакаше да даде изјава околу нејзиниот избор, само кусо рече дека таа е професор по уставно право, а во комисијата членовите се токму експерти за Устав.

Венецијанската комисија се очекува да даде мислење за Законот за заштита на приватноста и законот за свиркачите и за таа цел нејзините претставници на 8 и 9 февруари треба да пристигнат во Скопје.