Докази за натчовечка издржливост: Колку најдолго луѓето успеале без воздух, храна, вода…

0
1318
Човечкото тело е изненадувачки кревко, но постојат и такви помеѓу нас коишто едноставно сакаат да го тестираат до неговите крајни граници…

Благодарение на авантуристите коишто сакале да ги искушат границите на изржливоста на своето тело, денес знаеме колку долго човечкиот организам може да издржи без некои од најнужните нешта.

Business Insider состави листа од пет најголеми зафати коишто укажале на речиси надчовечка издржливост:

Без сон – 11 дена

bez son

Во 1965-та година, тогаш 17-годишниот Ренди Гарднер, постави досега несоборен светски рекорд така што останал буден 264.4 часа, односно 11 дена и 24 минути.

Зошто не треба да се обидете и вие: Спиењето е есенцијално за изградбата на меморијата и вештините.

 

Без дишење – 22 минути

bez disenje

Најдолгиот тест при кој човечкото тело успеало без дишење бил забележан во 2012-та година, кога данскиот нуркач Стиг Северинсен го задржал здивот под вода цели 22 минути.

Зошто не треба да се обидете и вие: Без кислород, човечкиот мозок ќе умре после отприлика четири минути. Северинсен “ја измамил” смртта така што вдишувал чист кислород во период од 19 минути пред да го направи овој зафат, со што неговото тело било обезбедено со доволно количество на кислород додека тој бил под вода.

 

Без вода и храна – 18 дена

bez voda

Во 1979-та година, тогаш 18-годишниот Андреас Михавец бил оставен, заборавен и затворен во подрумот. Случајно бил пронајден 18 дена подоцна, со што и случајно било откриено колку долго може еден човек да издржи без храна и вода. На Андреас му биле потребни неколку недели за да се опорави.

Зошто не треба да се обидете и вие: Од двете, водата е многу поважна за нашето тело за разлика од храната. Телото на еден возрасен човек е изградено од отприлика 60 отсто вода којашто помеѓу останатото се користи за подмачкување на зглобовите, за ослободување од вишокот во нашето тело и за регулирање на телесната температура.

 

Без гравитација – 437 дена

gravitacija

Иако лебдеењето во вселената делува забавно, верувајте дека тоа не е воопшто така ако мора да го правите цели 437.7 дена, колку што тоа го направил рускиот астронаут Валериј Полјаков во 1995-та година.

Зошто не треба да се обидете и вие: Човечкото тело е создадено за да функционира во рамките на земјината гравитација. Без неа, мускулите на астронаутите, вклучувајќи го и мускулното срце, губат од масата и својата сила.

 

Без сончева светлина – со години

svetlina

Во 2004-та година чешкиот волшебник Зденек Захрадка издржал 10 дена во ковчег под земја, при што имал само цевка за дишење, но немал пристап до сончева светлина, храна, ниту вода.

Но, постојат и сосема екстремни примери. На пример, во 2012-та година руската полиција открила следбеници на секта којашто живеела под земја. Многу деца коишто се родени во таа секта никогаш не виделе природна светлина.

Зошто не треба да се обидете и вие: Сончевата светлина е наш важен извор на витамин Д, којшто му помага на телото да го апсорбира калциумот којшто пак е од круцијална важност за нашите коски. Сончевата светлина го поттикнува ослободувањето на серотонинот, којшто го регулира спиењето, нашето расположение и нашиот апетит.