Дождот од кривични пријави, уличарска техника на притисок врз Јанева

0
1039

Нови 12 кривични пријави се поднесени против повеќе лица кои работат во Специјалното јавно обвинителство (СЈО), на Катица Јанева. Со ова, бројката на кривични пријави поднесени до вработени во СЈО сега се искачи на 19, од кои три се против обвинители од тимот на Јанева, пишува „Мета“.

Првите кривични пријави, една против тројца обвинители од СЈО и една против вработен во Министерството за внатрешни работи, беа поднесени пред десетина дена, односно на крајот на јануари, а последните на крајот на минатата недела.

Поднесувањето кривични пријави против јавни обвинители во толку краток временски период е редок, поточно непознат феномен во правосудната практика што познавачите го толкуваат како преседан и како организиран притисок.

Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев за „Мета“ вели дека не може да тврди дали биле или не пречекорени овластувањата од страна на обвинителите на СЈО, но самата бројка на поднесени пријави зборува за притисок врз Јанева и врз Специјалното јавно обвинителство.

– Иако не можам да тврдам дали имало пречекорувања или не, сепак таквата наезда на пријави за толку краток период и атмосферата во која се случуваат укажува на злоупотреби од страна на структури во Министерството за внатрешни работи (МВР) на ВМРО-ДПМНЕ, кои заедно со Јавното обвинителство можат да се гледаат како еден фронт што врши притисок врз Специјалното обвинителство – вели Калајџиев.

Според него, и Советот на јавни обвинители, наместо да се занимава со причините што довеле до тоа да има потреба од Специјално јавно обвинителство, се занимава со Катица Јанева.

Повеќе ОВДЕ