Децата од СОС село израдувани од Фондацијата Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски

0
1370

Во најубавиот дел од годината, период кој, најмногу за децата, е синоним за зближување, топлина, радост и насмевки, Фондацијата Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски  се погрижи за тоа што повеќе деца да ја почуствуваат оваа магија.

Директорот на Фондацијата – Николас Атанасоски го посети СОС Детското село и на децата им подели новогодишни пакетчиња. Посетата започна со хорска изведба на новогодишни песни. Потоа директорката на СОС Детското село се обрати и изрази огромна благодарност до Фондацијата и надеж за понатамошна соработка.

DSC_0075