Дали некој му „шепна“ па Тачи се избаци со нов став: Никој нормален не би учествувал на избори кои не би биле фер и демократски

0
1468

Од долгите средби, една новост од ДПА. Денеска го артикулираше својот нов став „дека никој нормален нема да учествува на избори, кои не би биле коректни и демократски“. Според ВМРО ДПМНЕ, Договорот треба да биде исполнет, но најавените избори за 24 април не треба да се одложат, пренесе Алсат-М.

ВМРО ДПМНЕ:
„Одржувањето на изборите во предвидениот датум ќе значи и целосно заокружување на договорот и излез од кризата. Секој обид да се изигра овој услов го доведува во прашање целокупниот договор и се што е досега постигнато.“

За СДСМ, условите се примарни.

СДСМ:
„СДСМ ги исполни сите обврски од Договорот. Очекуваме сите страни да ги исполнат. Претседателот Заев изрази жалење што не се спроведуваат реформи во клучни области, директно поврзани со изборниот и предизборниот процес, кои се цел на Договорот од Пржино.“

Али Ахмети, како и неговиот владин партнер, категорички е против одложување на датумот на изборите.

„ДУИ е категорична – да се почитува датумот за избори, да се почитува договорот од втори јуни, бидејќи одложувањето на изборите значи и продолжување на кризата и ние воопшто не сме подготвени да преговараме за одложување на изборите“, рече Али Ахмети, претседател на ДУИ.

„Никој нормален не би учествувал на избори кои не би биле фер и демократски. Времето за прочистување на изборните листи истекува. Нашиот став е дека доколку во текот на оваа недела ДИК не започне да работи со полн капацитет и не се спроведе претходниот договор, Генералниот секретар да биде Албанец предложен од ДПА, надежите за праведни, фер и демократски избори ќе спласнат!“, изјави Мендух Тачи, претседател на ДПА.