Далибор Георгиев кој почина во Идризово оставил писмо дека бил тепан во затворот

0
997

Пет месеци по смртта на Далибор Георгиев кој почина во затворот Идризово под неразјаснети околности, неговата мајка Панда тврди дека пронашла писмо во неговите лични работи кои и биле вратени од затворот.

panda-gorgieva1

Георгиева за НОВА вели дека во писмото, кое го открила случајно во една од книгите кои ги читал во затворот, Далибор напишал дека бил тепан од чуварите. Писмото го завиткал неколку пати во еден проспект, кој потоа го ставил меѓу страниците на книгата. На белиот лист хартија пишува: „Мамо ме тепаа чуварите и директорот.“ На крајот од писмото Далибор се потпишал.

Веднаш по ова, Панда отишла кај адвокатот која го води случајот и го покажала писмото. Ги споредиле двата потписи, тој во писмото и оној што бил напишан на кориците од книгата. Се покажало дека се исти.

„Двата потписи се исти. Јас го познавам ракописот на Далибор. Лесно може да се докаже дали е ова неговиот потпис. Тој неколку дена пред смртта се жалеше дека е тепан во затворот и еве ми пратил и порака“, изјави за НОВА Панда Георгиева, мајката на починатиот Далибор.

Далибор почина почина на 3 септември во затворот Идризово. Неговото семејство никогаш не го доби наодот од обдукцијата. Тие тврдат дека на телото од починатиот имало модрици, а на вратот траги од давење. Го фотографирале пред да биде погребан, по што случајот е пријавен во Хелсиншкиот комитет и кај Народниот правобранител.

Повеќе на НОВА на следниот линк ОВДЕ.