ДС: Уставниот суд легализира изборен фалсификат

0
1248

Со денешната одлука Уставниот суд создава законска можност за легализација на фалсификување на правото на глас и изборен грабеж. Ако некој може да ги крши основните цивилизациски вредности, да владее со кршење на изборните правила, да ја менува волјата на граѓаните со закани, притисок, со коруптивни понуди, да ги руши темелите на демократијата, а за тоа да може да биде амнестиран, е надвор од било какво владеење на правото и правда, сметаат од Демократскиот сојуз.

„Одлуката на Уставниот суд е политички мотивирана, спротивна на Уставот и претставува класична злоупотреба на функцијата судија. Судот наместо да ја цени уставноста на законите и да ги штити основните права на граѓаните, на голема врата отвора можности за помилување на извршители на тешки кривични дела без водење на судска постапка. Демократскиот сојуз ја повикува експертската јавност, со силата на правни аргументи да се спротивстави на оваа апсурдна и правно неиздржана одлука“, се вели во реакцијата на партијата.