Груевски не сака да одговори во кое својство промовира владини проекти

0
994

Довчерашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска во Штип беше заедно со владините функционери, кои сечеа ленти и промовираа проекти.

Беше најавено дека Груевски ќе даде изјави за медимите, па неговиот соработник ги праша новинарите какви прашања ќе му постават. Дел од прашањата на новинарите беа и дали ќе попушти и ќе го одложи датумот за изборите, дали има време да се прочисти избирачкиот список и во кое својство промовира владини проекти.

По ова, Груевски одлучи да не зборува пред медиумите и си замина.

Претходно, Груевски беше на увид на местото каде треба да се гради спортска сала во основното училиште „Славејко Арсов“ во населбата Баби. Груевски го придружуваше заменикот министер за образование, Спиро Ристовски. Ристовски рече дека новата сала ќе биде дел од проектот за изградба на 140 спортски сали во Македонија. Груевски цело време беше придружуван од своите сопартијци.

На отворањето на двојното тениско игралиште во населбата Сењак, главна улога имаа градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасевски.

Игралиштето е готово веќе неколку месеци, но подолго време се чекаше доаѓањето на премиерот Груевски за да биде пуштено во употреба.

На крај од посетата на Штип, следуваше пуштање во употреба на 400-киловатниот далновод ТС „Штип“ – ТС „Врање“ на МЕПСО.

Мета