Го претепале до смрт оти застанал во одбрана на Катица Јанева, а ги напаѓал Јанкулоска и Јанакиески

0
1004

Бизарна расправија, по неколку чаши ракија, била кобна за 80-годишниот старец од мариовското село Маково, кој бил до смрт претепан од 53-годишен поранешен осуденик откако ја пофалил работата на специјалната обвинителка, Катица Јанева, и се порадувал на кривичното гонење на поранешните министри на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески.

Токму тоа била причината поради која сега осомничениот му се нафрлил на старецот, неофицијално откриваат извори од полицијата.

jankul

Осумдесетгодишниот жител на мариовското село Маково вчера беше претепан до смрт и иако веднаш бил префрлен на одделот за анестезија, реанимација и за интензивно лекување, по кратко време им подлегнал на повредите.

Битолската полиција потврдува дека го привела осомничениот, по што се очекуваат детали за настанот.

Случајот бил пријавен вчера околу 13.30 часот, кога стрецот со тешки телесни повреди бил префрлен во битолската болница, каде и покрај настојувањето на лекарите, по кратко време починал.

– Пациентот е донесен со сериозни повреди во животна опасност, направена е интензивна реанимација, ставен е на машина за дишење, но само по половина час, поради типот на повредите, починал – изјави портпаролката на битолската клиничка болница, Јагода Стојановска.