Горан Михајловски се поздрави со читателите: Жал ми е што Срѓан Керим не успеа да ги заштити јавниот интерес и “Вест” од политичката криза

0
862

Главниот и одговорен уредник на весникот „Вест“, Горан Михајловски, во последниот број на весникот за 2015 година се поздрави со своите читатели.

„За две недели, на 12 јануари 2016 година колумната “Сакам да кажам” ќе прослави 25 години. Првата колумна беше објавена на 12 јануари 1991 година во “Вечер”, а од првата сабота по основањето на “Вест”, од 8 јули 2000 година ја пишував тука. Последната колумна излезе во “Вест” минатата сабота.

“Сакам да кажам” нема да го слави 25-годишниот јубилеј во “Вест”. Такви се условите. Политичка криза е. Компанијата распиша оглас за главен уредник на весникот. Сите дванаесет уредници од сегашниот уреднички колегиум се пријавија на огласот. Повеќето се во редакцијата од првиот ден на весникот кој го основав. Се пријавија, сосе мотивациско писмо. И сосе слика. Оти такви се условите. Политичка криза е. На огласот се пријавив и јас. Сосе слика. Убава слика.

Жал ми е што и покрај тоа што сопственици на компанијата се едни од најуспешните бизнисмени во земјава и во регионот, тие не успеаја да го заштитат весникот од политичката криза. Жал ми што и врвниот светски политичар и дипломат Срѓан Керим, како еден од газдите и заштитно лице на успешната компанија МПМ, не успеа да ги заштити јавниот интерес и “Вест”од политичката криза“, напиша Михајловски за утрешниот новогодишен број на „Вест“.

Михајловски го води весникот од основањето, но менаџментот одлучил да не му го продолжи договорот кој му завршува на 31 декември 2015 година.