Голем шоу перформанс на Стефанија во МКЦ

0
1076

На втори декември  ( среда) во 20 часот  во МКЦ во Скопје младата  поп-пејачка  Стефанија ќе го промовира првиот музички албум  насловен како -“Ретро > Перспектива”, симбол за 11 годишниот период како соло изведувач.

stefani3

Албумот е е составен од 11 песни, сите досегашни нејзини авторски песни, поп, рок и хаус музика, од кои 4 се препеани детско-тинејџерски песни со нов аранжман и нови песни од различни соработки кои го навестуваат стилот во кој ќе продолжи да твори. ( Recording Engineers: Борче Шабаноски, Васко Мирчевски, Јулијан Јанев(Бугарија), Роберт Билбилов, Dj Boza (Канада); Mixing Engineers: Борче Шабаноски, Роберт Билбилов, Mark Purpose, Јулијан Јанев, Dj Boza; Mastering: Mark Purpose).

stefani

Промоцијата на првиот музички албум на СТЕФАНИЈА –“Ретро > Перспектива” е шоу-перформанс кој има да каже многу, да пренесе силна мисла и ќе освести во вас многу емотивни теми. Ќе ве разбуди,потсети и освести за  вистинските вредности: хуманост, љубов и среќа… Сето ова се пренесува на повеќе начини: преку говорот на телото, преку гестикулација или превод на знаковен јазик и преку новите видео записи … Затоа што оваа музика има за цел да допре до сите срца!Промоцијата ќе биде посветена на децата со посебни потреби,а дел од продажбата на албумот ќе оди за лекување на Орнела Јордановска која болдува од леукемија.Во проектот се вклучени и Црвениот крст од Битола и  од Скопје.

stefani1-670x447

СЛИКИ ИНФО:  Фризура и шминка : LTD Salon – Битола, Костимографија: Анастасија Зулевска (Модно студио “Анастасија”), Фотографија:Стефани Павловска (P.S. Photography)…

stefani5

Покрај промоцијата на албумот, се прави промоција на 3 нови видео записи за Волшебен миг

Безнадежен 

 и Dance