Германскиот министер Рот: Македонија го губи меѓународниот кредибилитет

0
1027

Македонија го губи меѓународниот кредибилитет. Се сретнав со многу невладини организации и нивната порака беше иста, помогнете ни да ја вратиме Македонија на европската патека, изјави  германскиот министер Михаел Рот пред студентите на Правен факултет во Скопје.

„Политичките лидери не се свесни во какви проблеми се наоѓа државата. Во моментов ЕУ се соочува со многу кризи и не може да се концентрира на Македонија. Заедничка задача на власта и опозицијата е да ја стабилизираат политичката состојба. Загрижен сум за неостварувањето на Договорот од Пржино  а партиите го губат времето бесмислено, тактизираат а времето поминува“, потенцираше Рот.

Според Рот, кој говореше и за спроведувањето на пржинскиот договор, рече дека работата на специјалната јавна обвинителка, во неколку наврати била опструирана и дека треба да се донесе законот за медиуми.