ГРОЗНО ОДВРАТНО И ПОДМУКЛО : ДОДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЖАЛИ ЗА ЖРТВИТЕ ОД НАПАДОТ ВО ПАРИЗ, МУНГОСИТЕ НА КУРИР И РЕПУБЛИКА ГИ ПЛУКААТ НОВИТЕ МИНИСТРИ И ЗАМЕНИЦИ МИНИСТРИ

0
1163

До редакцијата на Народен Глас пристигна електронска порака потпишана од „Анонимен новинар“, кој како што пишува стравува поради безбедноста на своето семејство каде што во текстот испратен до нашата редакција ги критикува провладините портали ,,Курир” и ,,Република” за пишување спинови, невистини, паника и лаги против новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. Електронската порака ви ја пренесуваме во целост без никакви интервенции во текстот :

kurirci

Последна вест што ја објави францускиот Ле монд е дека новинари се повредени во терористичките напади кои што одземаат над 100-ци жртви. При вршењето на својата новинарска работа, да известуваат и да информираат, дел од нив беа приведени.

Е сега што се случува во Македонија? По природа на нештата, политиката и елитите имаат тенденција да ги контролираат медиумите, а предизвик за медиумите и новинарството е да се спротивстават на овие стеги.

Во ова време кога цела Европа сочуствува и се солидаризира со болката на семејствата и со сите граѓани на Франција, кога стигаат слободарски пораки од сите страни, само Република и Курир шират паника и невистини, зачинети со спин и со пропаганда.

Среде најголемата терористичка закана, да известуваш и да дискредитираш министер за внатрешни работи, вклучувајќи и тоа дека е парализирана целата полиција, е веројатно најдолното скалило во вршењето на новинарската работа. Наместо да се угледат на своите колеги од Франција, за нив се поважни партиските нарачки.

Дали кај „Курир“ и „Република“ постојат етички кодекси и основни правила на профеисонално информирање, дали барем еднаш може да бидат над партиските интереси и во преден план да бидат интересите на државата и граѓаните?

Кога сите медиуми се прилагодуваат со програмите и известувањето заради терористичките напади во Париз, овие два пропагандни медиуми немаат чувство како да реагираат и како да се однесуваат во критични моменти.

Тие во целост заборавиле дека целта на медиумите е граѓаните да добиваат навремени и точни информации и да го штитат јавниот интерес. Очигледно нападот на универзалните вредности за слобода, еднаквост и солидарност не се толку важни за овие медиуми, колку што е важно ширењето на невистини и дезинформации. Наместо да имаме објективно и точно известување со загарантирана слобода на говор, ние сме сведоци на нарачани вести, лаги и манипулации. Тоа ја убива вистината и ги убива медиумите.

Целата оваа ситуација, со злоупотреба на тагата и болката на цела Франција и граѓаните од слободарските земји покажа колку ниско паднаа одредени медиуми во Македонија.

Screenshot_3 Screenshot_4