ГЕН. СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ : СУДИЈА ДРАГАН НИКОЛОВСКИ!!!

0
1113

Јас, генерал Стојанче Ангелов, сопруг на од тебе казнетата Јасминка Ангелова, те прашувам!!!

Дали граѓаните на Република Македонија смеат на својот личен ФБ профил да кажат мислење за одредени општествени состојби меѓу кои и работата на Судот?
Дали на граѓаните, надвор од судница, им е дозволено критикување на Судот и неговата работа?
Дали разликуваш ФБ статус објавен на личен ФБ профил од колумна?
Дали ги имаш ислушано “бомбите“ кои ги објави лидерот на опозицијата во кои можеме да слушнеме по кои критериуми се избираат и на кој начин ги носат пресудите некои од македонските судии?
Што ти е гајле на тебе како мојата сопруга го нарекува обвинетиот надвор од судница, посебно на нејзиниот ФБ профил?
Ти си судија или адвокат на обвинетиот полицаец кој на права правдина, ја удри мојата сопруга во тил?
Зошто, доколку си уверен дека мојата сопруга го прекршила законот, најпрво не ја опомена како што предвидува законот?
Зошто директно ја казни со оваа, за неа драконска парична казна?
Зошто на првото судско рочиште не си му дозволил на адвокатот на сопругата да остане во судница?
Зошто на второто рочиште на кое бев присутен и јас, не ја извести сопругата дека е казнета со парична казна туку мудро си молчеше?
Зошто на судот му беа потребни 34 дена да го врачи решението за казна?
Дали како маж, сопруг и татко сметаш дека е исправно, спротивно на закон, да се казни жена која секој ден живее во страв дали нејзиниот сопруг ќе се врати жив од Ирак???
Помисли ли барем за миг како се чувствуваат нејзините малолетни деца, 17-годишната Ева, седумгодишната Сара и шестгодишниот Марко додека секој ден ја гледаат нивната вознемирена мајка? Од полицаец удрена во тил, од судија удрена во душа!!!

П.С. Во првиот коментар погледнете го скандалозното Решение на судијата Драган Николовски.

23.11.2015.
Генерал Ангелов