Втор ТАТ за време на владеењето на ДПМНЕ, прво СВЕДМИЛК сега КЕРФУР, треба ли сега Груевски и ДПМНЕ да платат политичка казна за овој банкрот?!

0
1969

Рокна Керфур. Зад себе остави долгови од 10 милиони евра. Тие десет милиони ланчано едни на други додека да стасаат до фармерите и најситните преработувачи можат да стасаат до 100 милиони евра ефективни долгови! Имено едни дужат милион на други, други истиот милион го дуќат на четврти итн итн и можно е овој банкрот да предизвика ефективна штета од 100 милиони евра и за да загрози над 10 000 вработени кои работат во разни мали и големи погони за колачи млеко месо пијалоци итн итн…

Ова е втор голем банкрот за време на власта на ДПМНЕ. Пред тоа рокна Сведмилк кој остави исто така долгови од десетина милиони евра и заглави и запусти илјадници фармери кои пропаднаа а имаа земено кредити и вложено се што имаат во крави но млекото не им се плати и останаа буквално и без кравите и без заштедата а некои ги изгубија и куќите.

F670A88C54D65F478949E16F61AA0DCD 30329214-9A89-4D6F-BDDF-683AE144BC95_w900_r1_s

Сите се сеќаваме на катастрофалната афера и банкрот на штедилницата ТАТ која со дупка од 20 тина милиони евра буквално ја запусти Битола. За тој банкрот СДСМ и тогаш а и сеуште плаќа голема политичка цена. Треба ли и ДПМНЕ да плати политичка казна за Сведмилк и Керфур?

FOTO-1278-

Секако дека одговорот е да. Сите банкроти во земјава се помогнати од државата преку неповолната економска клима, голема регулатива, голем рекет, голема беспарица кај народот итн итн… Вина има и сопственикот секако но како што власта се фали од успесите треба да биде и казнета од неуспесите. Логично и фер, нели?

Пишува : Саше Ивановски