(Видео)Рогожарска: Директорот на Исар платил скапа реклама во „Балканика“ за да се промовира

0
952

Незаконски именуваниот директор на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев, нарачал реклама во списанието „Балканика“ за сопствена промоција, каде се прогласил за најдобар менаџер за 2015 година, реагира Маријана Рогожарска, портпаролка на ОО СДСМ Штип.

Таа вели дека според информациите, за да се добие простор од две страници во ова списание потребно е да се издвојат 120.000 денари и задолжително да се откупат 16 примероци од списанието кои чинат 30.000 денари.

– Во последното издание на списанието, за работата на Бојаџиев се издвоени четири страници, што значи дека . Значи биле исплатени 270.000 денари. Дали промоцијата на Бојаџиев е платена со пари на ЈП Исар односно со пари на граѓаните на Штип и дали во „анализата“ на Балканика е опфатен фактот дека ЈП Исар секојдневно бележи 60% губиток на вода за пиење на патот од филтер станицата до крајните корисници – прашува Рогожарска.