(Видео)Жерновски во „360 степени“: Груевски не смее да се кандидира на следните избори, не може да имаме криминалец функционер

0
1085

Во синоќешното издание на емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат-М, гостин беше градоначалникот Андреј Жерновски. Говореше за двата случаја, за фалсификуваните лични карти и за вандализмот врз општина Центар и нарачаните шамари врз него.

„Премиерот категорички демантираше дека фантомски гласачи, а сега наеднаш кажа може има грешка. Тоа е кога сте фатени во нешто. Тие гласачи се ставени на список, а знаеме кој ги издал личните карти. Не може да се покрие дека лични карти се издавани на ист ден на иста адреса. Тоа е министерката која секоја изјава ја почнуваше дека работеле по Устав и закон. А премиерот ќе си стане жртва на тоа дека вистината е како шило. Мора да има кривична одговорност за минисерката која го направила тоа, и за тој кој и наложил, а тоа е Груевски. Мора да има одговорност, за да се врати довербата во институциите. Нема поголем криминал од тоа да ја фалсификувате волјата на граѓаните. Многумина не ни веруваа кога за време на локалните избори излеговме дека има 1.600 гласачи од Пустец, вметнати во избирачкиот список во Центар.

Во врска со нарачаните шамари врз него, од разгоорот, за кој опозицијата вели дека е меѓу Груевски и Јанакиевски, Жерновски праша дали заслужува ваков човек да ја води државата.

„Треба да се засрами, ова е проблематичен човек. Овој човек не смее да се кандидира, не може да имаме криминалец функционер. Повеќе ќе го ценев да дојдеше да ми удри сам шамари, а не да нарачува. Тој е во агонија и гледа се спаси“, вели Жерновски.

Го поттикнува работењето на Катица Јанева, бидејќи, вели нема разрешница без тоа и тргање напред.

За тоа дали треба да има избори на 24-ти април, Жерновски вели дека е битно да се потенцира дека што поскоро има избори е добро, поради заминувањето на Груевски. Избори вели, треба да има кога ќе се создадат услови.