Ванхауте се враќа од Брисел, работната група повторно на преговарачка маса

0
923

Медијаторот на ЕК Питер Ванхауте од денеска повторно е во земјава, по неколку денови поминати на дополнителни консултации во Брисел.

Според партиски извори, засега нема закажано состанок на работната група, но се очекува преговорите да продолжат со поинтензивно темпо, бидејќи се приближуваат датумите за избори.
Отворени прашања за кои итно мора да се најде компромис се методологијата за прочистување на избирачкиот список и реформи во медиумите, како преземање мерки за одвојување на партијата од државата.
СДСМ предложи да ги повлече амандманите за прочистувањето на избирачкиот список, а ВМРО-ДПМНЕ да го прифати предлогот за реформи во медиумите што го понуди Ванхауте.
На ова, владејачката партија одговори дека очекуваат закон кој ќе биде од европска земја, а дека опозицијата намерно го кочи чистењето на избирачкиот список.