(ВИДЕО) Шилегов: Очигледен е стравот на Ставрески и Протоѓер

0
1037

Screenshot_43

Денеска бевме сведоци на повторен неуспешен обид на Анкетната комисија да започне со сослушување на сведоците, онака како што беше соопштено од моја страна како претседател и како што беа повикани овие сведоци на сослушување, вели Петре Шилегов, пратеник и претседател на Анкетната комисија за прислушувањето.

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ како што можете да видите и покрај тоа што беше најавена таква седница, одлучија на денешната седница да го сменат дневниот ред, таа седница веќе е предвидена во планот за работа на комисијата на 16-ти.

Очигледен е фактот, очигледен е стравот дека никој не може да се соочи со Комисијата во смисол на содржината од прислушуваните разговори.

Денеска требаше да бидат присутни тука Протогер и Ставрески. Да можеме да разговараме за она што целата јавност го слушна, а тоа е за фрлањето луѓе во ендеци, за местењето избори, за чоколадите на Ставрески, или пак за стан купен на определено суштество, и определени други низи на факти коишто беа преточени пред целокупната јавност.

Анкетната комисија не може да биде и нема да биде партиска испостава на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе работиме согласно деловникот, согласно тој деловник и онака како што беше свикана утре очекуваме да се одржи седница или ќе најавиме обид да се одржи седница за сослушување на Сашо Мијалков и во понеделник на Гордана Јанкулоска. Согласно деловникот ќе го проследиме барањето на ВМРО-ДПМНЕ, да биде сослушан Никола Груевски во понеделник.

Анкетната комисија ќе заседава секогаш јавно, секогаш транспарентно, секогаш во присуство на јавноста и ќе бидете сведоци на тоа како ќе се одвиваат понатамошните дејствија.

Мене ми е жал што со ВМРО-ДПМНЕ не може да биде постигнат никаков договор. Очигледно и оној минимум којшто требаше да биде постигнат заради којшто влеговме во овој циклус, не можеме да го постигнеме и сега едноставно нивни е изборот, наместо Анкетната комисија да се занимава со она што и е примарна должност, да ги утврди фактите и околностите заради кои е дојдено до овој скандалот со прислушувањето, да ја утврди политичката одговорност, содржината на објавените разговори и да ги даде препораките, ние се занимаваме со процедурални надмудрувања, се со цел очигледно да не може јавноста да посведочи оние луѓе коишто до вчера беа неприкосновани владетели на Македонија, како покорно ќе мораат да даваат одговори на ненарачани прашања.