(ВИДЕО) Шилегов: Груевски знаел за новиот Рамковен

0
1269

Screenshot_67-685x320

Никола Груевски бега и се крие откако е разоткриен дека стои зад договорената Конференција за анализа на Рамковниот договор. Груевски никаде го нема збор да каже, зошто ги лажеше граѓаните кога обвинуваше други за Конференцијата што треба да се одржи на 1 декември во Скопје, вели Петре Шилегов, портпаролна СДСМ.

Груевски со обвинувањата сакал да сокрие дека ТОЈ се согласил да има Конференција за анализа за спроведувањето на Рамковниот договор.

Еве овој документ го потврдува тоа.

Во овој документ, со архивски печат од Владата, јасно стои дека договорот за Конференцијата е склучен помеѓу Владата и Европскиот институт за мир уште во јули, пред 4 месеци.

Овој документ е потпишан од вице премиерот за спроведување на Рамковнкиот договор, како што е наведено, ВО ИМЕ НА ВЛАДАТА!

Што прави Груевски зад грбот на граѓаните на Македонија?

Зошто уредникот Груевски по Курир и неговите медиуми пишуваше текстови за федерализација на Македонија?

Дали целта на неодговорниот Груевски е да разгори меѓуетнички тензии во Македонија за себеси да се спаси или има и нешто друго што граѓаните не го знаат?

Единствена Македонија му порачува на Никола Груевски: Доста е!