(ВИДЕО) Чингоски сведочи за тешки изборни манипулации

0
1089

Владо Чингоски, адвокат од Охрид, поранешен функционер на СДСМ, посведочи за тешки манипулации во сите изборни процеси до сега во Република Македонија. Тој изнесе фрапантни податоци за состојбите во изминатите години и сега, за злоупотребите и притисоците, како и за контроверзната улога на различни учесници во изборните процеси. Тој ги разобличи намерите и позициите на поголем дел од присутните во салата.

Чингоски беше еден од учесниците на Средбата со граѓанките и граѓаните на тема СИТЕ ЗА СЛОБОДНИ ИЗБОРИ во Охрид. Настанот се одржа во големата сала на Општина Охрид, на 30 јануари 2016.