(ВИДЕО) Сугарески распали на собраниската говорница : Доаѓа крајот на криминалната, фамилијарна, недемократска власт

0
934

Македонските граѓани цели 10 години го чекаа овој ден, да падне главата на режимот.

Јасно им е на сите дека доаѓа крајот на една криминална, корумпирана, фамилијарна, расипничка и недемократска власт, рече Горан Сугарески во своето денешно обраќање во Собранието на Република Македонија пред да ја напуштат собраниската сала.

Дури и на Никола Груевски, човекој кој одлучуваше за животот и смртта, одлучуваше за тоа кој може слободно да живее во Македонија а кој не, човекот кој заедно со неговата фамилија, братучедот Мијалков, кумот Ставрески, узурпираше се’ за свое лично богатење, јасно му е дека на му доаѓа крајот!

Никола, ти не си Македонија, тебе Македонија ти вели ЗБОГУМ!

Оставката на Никола Груевски е уште една потврда дека во изминатите изборни циклуси ни се случуваа изборени грабежи и немавме ниту фер, ниту слободни, ниту демократски избори.

Однесувањето на Никола Груевски потврдува дека се плаши и бега од слободни, фер и демократски избори.

Груевски не сака прочистен избирачки список за да може да манипулира со фиктивни гласачи.

Никола Груевски не сака слободни медиуми затоа што му треба медумскиот мрак што го создаде за да го крие криминалот на фамилијата во изминатите 10 години.

Граѓаните на Македонија освен фамилијата на Никола Груевски немаат корист од одржување на избори без претходно прочистување на Избирачкиот список и без навремена регулација за слободни медиуми.

Непрочистениот Избирачки список и медиумскиот мрак фамилијата би сакала да го користи за спас на сопствената кожа.

Затоа Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не ги исполнија клучните обврски од Договорот од Пржино.

За СДСМ не се прифатливи избори без слободни медиуми и без прочистен Избирачки спосок и на такви избори нема да учествува.

СДСМ ќе продолжи да се бори за создавање на фер и демократски услови за одржување на изборите со сите демократски средства што ни стојат на располагање.

Ќе продолжиме да се бориме за слободна и демократска Македонија заедно со граѓаните.

Македонија бара промени и промените ќе се случат на слободни, фер и демократски избори.”