(ВИДЕО) Сточар за скандалот со АХВ: Внучето пиеше од млекото, а по пет месеци ми кажаа дека е од бруцелозна коза

0
1014

Скандалот со Агенцијата за храна и ветеринарство со неспроведувањето на мониторинг програмите за безбедност на храна, кој денеска го обелодени дополнителниот заменик министер за земјоделство, Љупчо Николовски на своја кожа ги почувствува сточар од Светиниколско.

Кај него во фармата се зема крв од кози и овци за испитување на бруцелоза на 12.5.2015, а известувањето од лабораториското тестирање е издадено на 29.9.2015. додека решението за прогласување на заразна болест бруцелоза од страна на инспекторот е на 5.10.2015 што значи дека дури тогаш сточарот дознава дека има болест во неговото стадо.
Во меѓувреме сточарот заедно со целото семејство и вработените консумирал од млекото а исто така и го ставил во промет. Сведочи дека тој и неговото семејство, меѓу кои и неговото внуче биле жив експеримент на пропустите на АХВ.