(ВИДЕО) Спасовски: Од јануари е зголемена ефикасноста на полицијата

0
952

Имаме намалено ниво на криминалитет и зголемена ефикасност, посебно зголемена ефикасност од јануари оваа година, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при посетата на  полициската станица во Струга.

– Очекувам тој тренд да го негуваме сите заеднички. За тоа ќе треба секако соработка и од граѓаните меѓутоа и добра работа од страна на полицијата. Полицајците треба да бидат во функција и во остварувањето на интересите на граѓаните, а сите ние да им помогнеме.
Навистина има потреби од вакви средби затоа што сметам дека преку нив се дава поддршка, се дава мотив на полицајците, се слушаат нивните проблеми и ги добиваме детално информациите за состојбите на терен, за проблемите со коишто се соочуваат и граѓаните на подрачјето на Секторот за внатрешни работи. Очекувам почеток на реализација на одредени проекти за надминување на проблемите и овој тренд којшто ќе значи зголемена безбедност на граѓаните ќе продолжи – рече Спасовски.

Тој ги посетува сите Сектори за внатрешни работи и полициски станици со цел на терен да се запознае со состојбите на подрачјето на секторот за внатрешни работи, на подрачјето на полициските станици, како и да поразговара со полицајците, со нивните претпоставени, да ги чуе потребите и проблемите коишто ги имаат, да помогне за да се подобриме состојбата на вработените, а со тоа и состојбата на граѓаните.