(ВИДЕО) Спасовски: Ние ставаме крај на меѓуетничките поделби во Република Македонија

0
973

Screenshot_101-652x320

Власта на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ прави се за да креира меѓуетнички тензии и настани за граѓаните да ги одврати од секојдневните проблеми. И додека граѓаните мислат на меѓуетничките тензии власта да се богати. СДСМ прави едно општество за сите. Тоа е нашата цел. Тоа е пораката што сакам да ја пратам денеска. Дека подеднакво важни се сите граѓани на Република Македонија, без разлика на верската, политичката, етничката припадност. Заеднички да ја градиме Македонија, вели Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ.

Таа е целта и зошто сме денес во Гостивар. Да разговараме за Визијата за Македонија на СДСМ, за нашата платформа, да ги чуеме граѓаните на Гостивар, да ни понудат одредени предлози, да искритикуваат некои од нашите решенија, меѓутоа на крај да направиме програма која ќе е остварлива и реална, што ќе значи подобро утре за граѓаните на РМ.

Граѓаните се соочуваат со многу проблеми, така беше во изминатиот период. Затоа не е доволно само да има добри човечки ресурси, туку потребно е да имаме добра програма што ќе значи реализација на целите кои сме ги поставиле како политичка партија.

Овде во Гостивар ќе оствариме повеќе средби со граѓани, здруженија на граѓани итн., со кои ќе поразговараме околу нашата платформа, да ги слушнеме сите мислења и потоа ќе го преточиме во изборна програма. Програма на СДСМ и граѓаните којашто ќе значи нов почеток за Македонија после 24ти април и промена на состојбите во државата на многу подобро.