(ВИДЕО) Спасовски: Зошто помошникот министер за внатрешни молчел за 70.000-те обрасци за возачки дозволи?

0
1134

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски прашува зошто никој пред него не алармирал дека постоеле дупликат обрасци за возачки дозволи. Тој објаснува дека пред да го соопшти во јавноста овој скандал за тоа била запознаена германската компанија „Гинсеке&Девриент“.

– Во магацинот на МВР, по претходно формирана Комисија од моја страна на 14.12.2015 година, беа пронајдени 70.000 обрасци за возачки дозволи, кои што биле во магацинот, кои се примени во МВР на 26.11.2015 година. По влегувањето на комисијата која е формирана на 14.12.2015 година, и кога ги пронајдоа овие 70.000 обрасци за возачки дозволи, утредента, помошникот министер кој одговара за оваа активност, реагира дека има такви податоци до компанијата која што ги печатела. Веднаш после тоа, за два дена, имаше допис на којшто се докажува дека се печатени такви обрасци. Меѓутоа, исклучива одговорност гледам во оној кој не пријавил во МВР. Значи не може од 26.11.2015 година, да ги има во магацинот, притоа магационерот да алармира дека има такви обрасци, и да реагирате во моментот кога се откриваат таквите обрасци. Ние контактиравме во тој момент со компанијата, ја известивме дека ќе ја запознаеме јавноста, јас тогаш нагласив, дека е добро што овие обрасци се откриени, за да не дојде до никакво криминално дејание, крадење на идентитети, фалсификување на таквите возачки дозволи и така натаму – изјави Спасовски денеска и најави дека наскоро сите информации ќе ги достави до јавноста.

Спасовски ја посочува одговорноста во домашните институции.

– Исклучиво овде. Истакнав дека постои сериозен сомнеж кај мене: Зошто вработените во МВР не изреагирале од 26.11 до 14ти, додека се најдени а реагираат наредниот ден? Оттогаш започнува кореспондацијата со компанијата којашто ги набавува овие образци за возачки дозволи. Така што во тој дел и внатрешна контрола и сите можни механизми ќе ги испитуваме.
Меѓутоа, реков уште еднаш, најважно од се е што се пронајдени овие образци и нема да заминат некаде надвор од МВР и евентуално да бидат злоупотребени – нагласи тој додавајќи дека имало можност за таква активност.

Спасовски додаде дека имало некакви изговори и оправдувања на помошникот министер дека не реагирал во одреден момент, не бил во министерството и така натаму, меѓутоа, смета дека тоа не е оправдување.

– За секоја негативна појава за која било кој одговара во рамките на своите надлежности, веднаш после откривањето ќе мора да го соопшти тоа во министерството меѓутоа и да реагира таму каде што треба да реагира – во компанијата којашто ги набавува образците – додаде Спасовски.