(ВИДЕО) Сексуалните работници маршираа на улиците во Скопје

0
962

Сексуалните работници поддржани од Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР од Скопје денеска по осми пат се приклучи кон Глобалната акција за солидарност по повод Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници, пренесува А1он.

Тие со овој настан сакаат да ја информираат јавноста за големиот број на сексуални работници во Македонија, и загрижувачката состојба за безбедноста и условите во кои што тие живеат и работат.

Според нив, сексуалните работници трпат насилство како и од клиентите, така и од семејството, а полицијата не презема ништо во врска со нив.

– Дискриминацијата со која се соочуваат сексуалните работници, не ги охрабрува истите да ги пријавуваат во полиција делата од омраза извршени врз нив. Тие остануваат безгласни, а насилниците се и понатаму на слобода, велат организаторите на настанот.

Видеото ОВДЕ