(ВИДЕО) СДСМ: Старите лица ги влечкаат по клиники, а дел од Геријатрија спремаат за приватен бизнис?

0
1237

„Во овој објект на Геријатрија сместени се помалку од 250 стари лица, а има потреба за уште стотици.

Третиот спрат е затворен! Нема лекарски кадар, нема медицински персонал, нема хигиеничари!
Ставрески не одобрувал нови вработувања.

Има 630 милиони евра за камен, фонтани и барокни згради, но нема за достоиствена медицинска грижа на старите луѓе“, рече Ален Георгиев, пратеник.

„Прашуваме дали е точно дека третиот спрат на Геријатрија, кој стои затворен додека стотици стари лица се без соодветна медицинска нега и грижа, власта подготува да го даде на приватник?

Геријатрија е единствената установа каде што старите немоќни лица, освен нега добиваат и медицинска помош. Во приватните домови добиваат главно нега.

Исто така, сместувањето во Геријатрија чини околу 18.000 денари.

Во приватните старски домови сместувањето чини најмалку двојно, и по 500 евра, што мнозинството осиромашени семејства во Македонија не можат да си го дозволат.

Власта на ВМРО-ДПМНЕ за 10 годишното владеење не изгради ниту еден старски дом!

Груевски вети домови за во иднина, како што повторно манипулира и ветува некакви средства државна помош за отворање приватни старски домови, а и тие пари дали се во висина и колку опашката на еден лав.

Груевски и власта на ВМРО-ДПМНЕ не ги интересираат старите лица кои поради недостиг на соодветни услови од државата, честопати последните години од животот ги поминуваат во болки и буквално влечкање по клиниките кои не се надлежни за нив.

Груевски и власта на ВМРО-ДПМНЕ ги интересираат само тендери и бизниси.

Затоа власта на ВМРО-ДПМНЕ удри на системска смрт на јавното здравство.

Груевски замина. Ќе замине и ВМРО-ДПМНЕ.

Новата одговорна власт што ќе има чест да ја предводи СДСМ ќе го врати квалитетното јавно здравство. Тоа им го ветуваме на граѓаните“, изјави Ален Георгиев.