(ВИДЕО) СДСМ: Во моментов СЈО нема услови за заштита на материјалите од незаконското следење на комуникациите

0
918

СДСМ е во целост подготвен да ја исполниме законската обврска за доставување на материјалите од незаконското следење на комуникациите. Материјалите од незаконското следење на комуникациите се од исклучително сензитивна и доверлива природа и заради обезбедување нивна максимална заштита, нема да пристапиме кон нивно предавање, `се до моментот додека не се обезбедат услови сите материјали да бидат соодветно и максимално обезбедени, вели портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Од денешиот допис на СЈО потврдени се и нашите сознанија дека во моментов нема услови за таква заштита на материјалите.

Соодветна заштита на материјалите подразбира и соодветно 24-часовно обезбедување, коешто ние не знаеме дали е обезбедено, бидејки сеуште не е донесен Законот за јавнообвинителска служба.

Укажуваме дека се работи за исклучително високо ниво на сензитивен и доверлив материјал со приватни разговори, а голем дел од нив веројано содржат и информации класифицирани како службена и државна тајна и нивното евентуално губење, исчезнување, крадење или појавување во јавноста, би имало несогледливи последици за целиот правен и политички процес.