(ВИДЕО) СДММ го честита денот на студентите со Збогум Никола

0
994

Screenshot_114-661x320

На 17-ти ноември, минатата година започна студентската пролет, со масовните маршеви за укинување на државниот испит и вистински реформи во образованието. Студентите, младите од сите етникуми го срушија комодитетот на Груевски, вели Дарко Каевски, потпретседател на СДММ.

Денеска, после една година, овој меѓународен ден на студентите го честитаме со ЗБОГУМ НИКОЛА.

Збогум Никола затоа што 10 години не изгради ниту еден студентски дом.

Овој руиниран студетски дом е споменик на твојата себичност, што не правиш за студентите а што правиш за себе.

Збогум Никола затоа што твоите политики ја направија Македонија светски рекордер по младинска невработеност од 52%според Светска Банка.

Збогум Никола затоа што си виновен за најголемиот егзодус на младите, за иселувањето на 626.312 граѓани според Светска Банка.

Студентите докажаа дека можат и знаат да се борат за своите права, без страв и калкулации.

После 24 април, сите студенти ќе можат да дишат слободно, да живеат во реконструирани студентски домови, младите ќе добијат шанса за обука и вработување веднаш по студирањето, да ја градат својата иднина дома.

Збогум Никола!