(ВИДЕО) Ордановски: Не очекувам Груевски да се кандидира на следните избори

0
1074

Screenshot_44

Политички аналитичар Сашо Ордановски во гостувањето на вестите на Ал Џезеира Балканс изрази сомневање дека премиерот Никола Груевски ќе се кандидира на следните избори во април, јави А1 он.

– Ако ме прашувате лично мене, не очекувам дека премиерот ќе се кандидира на следните избори, тој е имплициран во бројни кривични дела, односно имплициран е преку телефонските разговори, така што јас мислам дека ќе биде зафатен со други работи кога ќе бидат изборите. Мислам и дека не е добро ниту за земјата ниту за владејачката партија, човек со такви политички компликации и реална закана да заврши во затвор, да биде нивен пример. Се зборува дека веќе има 30 до 35 дела, кои се движат од местење на избори до рекетирање и злоупотреба на функцијата на разни начни, што е крунски доказ за еден организиран криминал кој со години се одвива во Македонија на високо ниво. Не само премиерот туку и првите луѓе од неговото опкружување се во криминал до гуша – рече Ордановски.