(ВИДЕО) Обвинителката во СЈО, Ристовска најави дека и предметот за личните карти ќе биде побаран

0
1208

– Ќе постапуваме по предмети каде што има изборни нерегуларности точно против кои лица за нас е ирелеватно. Она што е наше начело на постапување и она што е наша мисија е дека сите граѓани се еднакви пред Уставот и законите и без оглед кој и да е тангиран во тие постапки стоиме зад тоа дека никој не може да биде над законот и мора да одговара во рамките на своите дејствија. Се работи за предистражни постапки кои што се тајни и во интерес на тие постапки сите податоци би ги изоставиле до некоја наредна фаза кога ќе можеме да соопштиме и подробни детали, изјави пред новинарите Ленче Ристовска, обвинителка во СЈО, пренесува „Телма“.

На новинарско прашање дали и случајот со личните карти ќе биде преземен во рамкоте на воие случаи, Ристовска одговори дека случајот со личните карти кој што го имаше објавено „Фокус“ моментално не е доставен во СЈО.

-Меѓутоа нашите сознанија одат до таму дека постојат основи на сомнение дека и тој предмет е поврзан со незаконски следените комуникации како предмет којшто ги таргетира изборните нерегуларности. Во наредниве денови ќе биде побаран и тој предмет по што ќе се произнесеме и формално за стварната надлежност за тој предмет, рече Ристовска.

Видеото ОВДЕ