(ВИДЕО) Новокомпонираната министерка за администрација призна дека 1.600 партиски потрчковци седат дома, а земаат плата зашто немаат бироа

0
1465

Ниту владата повеќе не крие дека во администрацијата има вработени кои седат дома, а земаат плата. Иако нема официјална бројка за колку лица станува збор, минатиот месец државниот секретар во министерството за администрација Јахи Јахиу откри дека 1.600 административци не доаѓаат на работа, а земаат плата од државата. Министерката Марта Арсовска Томовска вели дека неа располага со точна бројка, но признава дека има такви лица, кои се ангажирани преку Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор, пренесува Телма.

– Таму навистина има таква бројка вработени за кои во моментов се бараат начини да бидат распоредени во други институции. Во таа насока, изготвена е една методологија за вработување со која комплетно се укинува сегрегираниот канал на вработување преку Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор туку сите припадници и на мнозинската и на немнозинските заедници ќе одат директно преку институциите врз база на нивните потреби, рече Марта Арсовска Томовска, министер за информатичко општество и администрација.

– Се работи за државни службеници во РМ кои треба да имаат ист третман како и сите вработени, да имаат бироа, да имаат свои компјутери и да имаат конкретни задачи за да придонесат во јавната администрација, рече Фатмир Бесими, вицепремиер за евроинтеграции.

Ниту еден од двајцата министри не кажа дали и кој ќе понесе одговорност за ваквата ситуација. Најавија дека интензивно се работи на реформа на јавната администрација во согласност со препораките на Европската комисија што подразбира вработување исклучиво по заслуга и стручни компетенции.

– И до сега тоа било така меѓутоа сега критериумите за вработување во администрацијата се зајакнати многу повеќе во однос на тоа што било до сега. Не можеме да кажеме дека администрацијата била партизирана, дека е преобемна и дека е неефикаснарече Марта Арсовска Томовска, министер за информатичко општество и администрација.

Од министерството тврдат дека во администрацијата има вработено 128.253 лица, додека според опозицијата таа бројка достигнува 180.000.

Видеото ОВДЕ