(ВИДЕО) Николовски: Чувајте ги документите за неправедно одбиените субвенции

0
894

Исполнети услови за субвенции, а пари нема. На ова најчесто се жалат земјоделците од сите региони.

Во струмичко Босилово на дополнителниот заменик-министер за земјоделство Љупчо Николовски, земјоделците му се пожалија дека останале без субвенциите за 2012, 2013 и 2014 година, иако сите документи и услови ги имаат исполнето.

-Ова е еден од начините за да ви ги скратат субвенциите. Се прават намерни административни грешки со што субвенциите им се кратат на 5000 вистинските земјоделци, а парите завршуваат кај луѓе блиски на власта – изјави Николовски и испрати порака до земјоделците да ги чуваат сите документи и судски решенија во кои судот потврдил дека им следуваат субенциите. По смена на власта ќе се исправи оваа неправда и сите земјоделци ќе ги добијат парите кои им следуваат со закон.