(ВИДЕО) Наместо помош, државата прати полиција да го избрка семејството Ѓорѓевиќ од импровизираниот дом

0
1353

Наместо помош од државата полицијата ќе го урне импровизираното живеалиште на семејството Ѓорѓевиќ кое живее во напуштената фабрика Алумина. Откако 24 Вести ја објави сторијата на четиричленото семејство кое шест години живее без кров на главата на вратата на луѓето затропала полицијата, која им дала рок до понеделник да го напуштат домот во спротивно ќе бидат урнати.

Семејството Ѓорѓевиќ во мизерни услови живее со две малолетни деца, собирајќи пластични шишиња. Мајката инаку ја изгубила работата поради чести одсуствувања од работа бидејќи морала да се грижи за болното синче. Таткото пред два месеца ја изгубил социјалата помош бидејќи нашол привремена работа која траела десет дена. Освен семејството Ѓорѓевиќ од таа локација ќе бидат остранети уште четири семејства кои се занимаваат со питачење, но тие имаа свои домови.

Од полицијата велат дека семејството мора да се сели бидејќи на таа локација треба да се изведуваат градежни работи.