(ВИДЕО) Мајката на Тамара до Тодоров: Зошто не им помагаш на болните деца

0
1494

zaklinadimoska

На вечерашниот протест пред Собрание на кој се бараше оставка на министерот Никола Тодоров, присуствуваше и Жаклина Димовска, мајката на малата Тамара, која почина заради тоа што не доби средства од државата, пренесува „А1он“.

– Тамара беше жртва на овој здравствен систем на оваа држава, кој го плати со живот, скапо го плативме сето ова и се уште зошто на порталот “Донации“ има болнни деца и уште никој не им помага и се уште ги има тие болни деца. Значи стоиме на исто место, Тамара ја плати со живот грешката на здравствениот систем и никако да се придвижиме.

Само една порака имам до Тодоров: Зошто не им помага на болните деца во оваа држава?Зошто? Другото дете ми е се уште болно, зошто ниту еднаш не ме прими?

Имам и порака до сите пратеници – сите тие кои ќе го изгласаат Тодоров да си остане на својата позиција – нека застанат и нека им помогнат на болните дечиња. Да нема повеќе болни деца, тој министер што ќе седи на таа фотелја да си ги лекува децата, да се занимава со децата, а не да врши партиски притисок врз лекарите, рече Жаклина Димовска, мајка на починатата Тамара од Велес.

Втората ќерка на Жаклина Димовска, Теона, е болна од сколиоза, но таа вели дека кај нас нема центар за сколиоза. Таа смета дека заради партиски притисоци лекарите не можат да ја извршуваат својата работа.

Изјавата може да ја погледнете ОВДЕ