(ВИДЕО) Манчевски: Бандата на Груевски ги остави битолчани да се гушат

0
937

„Поранешниот премиер, Никола Груевски се изгуби со раскошот и луксузот. Се изгуби со 630 милиони евра за споменици, за Скопје 2014. Се изгуби со Мерцедесот од 600.000 евра. Се уште тоне и се губи со 35 милиони евра барокна зграда за Народната банка“, рече потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

„Во исто време Битола е забравена. Во Битола нема капитални инвестиции.

Игнорацискиот однос на бандата на Никола Груевски, Мијалков и Ставрески ги остави битолчани да се гушат во загадениот воздух.

Само со парите коишто ги потрошија на луксузот во Битола можеше да има спроведена гасификација и централен систем за греење со што значително ќе се намалеше загаденостан а воздухот.

Ветуваме итна гасификација на Битола, веднаш по смената на власта. Дел од нашите ветувања по смената на власта се и автопат Велес-Прилеп-Битола-Меџитлија, нов Клинички центар во Битола заедно со Медицински факултет, како и конечна изградба на пречистителната станица.

Почитувани битолчани, ова се само дел од нашите мерки за подобар живот, за чист воздух и за многу повеќе достоинствени работни места за сите граѓани, за сите битолчани“, изјави Манчевски.

Пред малку имаше прес конференција специјалната јавна обвинителка, дали имавте можност да ја проследите, кој е вашиот став? Има некои шпекулации за апсења, дали до партијата има и официјално некакви информации ја апсења и кој бил приведен?

„Информациите кои што ги поседуваме се само оние кое се изнесени во јавноста од страна на Специјалното јавно обвинитеслтво. Специјалното јавно обвионитеслство да потсетам е орган, институција, избрана со консензус на сите политички партии согласно договорот во Пржино. Не само ние , очекуваме сите политички партии во Македонија да ја дадат својата поддршка за Специјалното јавно обвинитеслтво. Инаку ние како СДСМ не сега туку секогаш се бориме за правдата. Правдата секогаш мора да победи а сите оние кои што се огрешиле пред законот ќе мора да одговараат“, одговори Манчевски.