(ВИДЕО) МЕГА МЕГА СКАНДАЛ НА ТЕЛМА, ЧОМ ГАСИ СТРУЈА КАКО ЕМИЛ СТОЈМЕНОВ: Под изговор дека имало технички проблеми, уредниците исекоа 15 минути од интервјуто со Петар Гошев кој го нарече Груевски криминалец!

0
2184

Пренесуваме писмо на читател испратено до уредникот на порталот Мактел во врска со емисијата Топ тема на Телма, во која гостуваше Петар Гошев: Под изговор дека имало технички проблеми, уредниците исекоа 15 минути од интервјуто со Петар Гошев кој го нарече Груевски криминалец!

chom

Саше, ти промакна една работа вчера/завчера. Од почеток ја следев емисијата Топ тема на Телма каде гостин беше и Петар Гошев, кого исклучително го ценам и почитувам. И гледам, уште на почетокот Гошев почна апашот-Патор да го нарекува и именува со соодветни имиња од типот на: криминалецот Груевски, мафијашката влада, апашите од Илинденска и сл. на што (очекувано за мене) реагираше водителот на емисијата, бркатиот морж Чом, кој го предупреди да внимава на јазикот, да внимава на изразите, да не навредува зашто ќе морал да се огради од тие изрази, дрн дрн јариња. На тоа Перо Гошев му одговори: ако сакаш ти огради се, но јас стојам зад секој мој збор и луѓето што денес ја водат Македонија за мене се само апаши и криминалци, а ние друг збор за гребло немаме, како викаше Цацко во еден скеч на К-15, и на моја одговорност да бидам даден на суд, јас и понатаму ќе ги нарекувам така.

За да го видам перформансот на Гошев уште еднаш, го побарав видеото од емисијата: еве го линкот, и има што да видиш… Бркатото муле-новинар веќе за репризата на емисијата која оди истиот ден во доцните вечерни часови ги избришало почетните 10-15 минути, отпосле снимило нов вовед во веќе реализираната емисија, со објаснување дека имало технички проблеми во снимањето, бла, бла, бла, и така искасапена емисијата ја пуштил како реприза и ја ставил на Јутјуб. Некој ќе рече цензура, ама јас мислам дека не само што не е цензура, туку не е ниту автоцензура, туку политичка определба на ова бркато магаре што глуми некоја величина. Зашто тука немаше ништо недолично што морало да се брише или покрива со „бииип“ тонови или нешто слично. Ова муле во една друга емисија (не можам да ја најдам сега, а знам дека ја има на Јутјуб) еднаш изјави дека Бранко бил крив што пропаднала и се затворила А1, иако тој на излегување од 11 го изгасна светлото.

Извор: Мактел