(ВИДЕО) И ГРУБИ И АДЕМИ ,,ГИ САКА” НАРОДОТ ИСТО КАКО ГРУЈО ШТО ГО САКА, ШПАРТААТ СО СИЛНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ, ВО САРАЈ ИЗБЕГНАТ ИНЦИДЕНТ ОД РЕВОЛТИРАН ЖИТЕЛ И МИНИСТРИТЕ НА ДУИ

0
1143

Жител на општина Сарај, денеска ги обвини министрите и  функционерите од партијата на Али Ахмети, ДУИ, дека барале поткуп и до 5.000 евра за вработување во државна институција, пренесува телевизијата„Шења“.

Реакцијата на жителот на Сарај се случила за време на денешната посета на министрите за образование, Абдилаќим Адеми, за економија Беким Незири и на пратеникот и шеф на Кабинетот на Ахмети, Артан Груби во Сарај за да ја промовираат планирата изградба на споменик на плоштад во Сарај.

Но, проблемите со кои се соочивуваат граѓаните на оваа општина ја фрлиле во втор план промоцијата.

– Ова чини 70.000 евра и не знам кој го плаќа, а нашите деца немаат тетратки за на училиште. Нема ниту патишта. Четири села поминуваат и одат со кал до колена во училиште. Во нашето училиште нема ниту тетратки ниту ништо, се плаќаме од наши пари. Тоа го знае градоначалникот, досега имавме 15 барања. Сега пред Нова година имаше вработувања, ниту еден не се вработи, било во водовод било во комуналец, 170 луѓе ниту еден вработен. На секој конкурс што се отворил во мојата општина, конкурирале членови на моето семејство од 2002 до денес. Ниту еден не бил вработен, 3.000 евра, 5.000 евра, 2.000 евра на секого му е земено и не сум само јас. Не бираат кој е што е, си ги гледаат своите интереси. Има едно семејство со 11 луѓе, немаат леб да јадат. Градоначалникот или министерот, кога биле последен пат во Грчец, никогаш – ја пренесува „Шења“ изјавата на Али Јусуф од селото Грчец.

На снинките на телевизијата се гледа како обезбедувањето на министрите и функционерите на ДУИ се обидуваат насила да го внесат човекот во возило, за да го спречат да не зборува за проблемите со кои се соочуваат жителите на Сарај.