(ВИДЕО) Заев: Милионите во медиумите не го кријат Груевски, до целта сме!

0
921

Вчера лидерот на СДСМ, Зоран Заев беше во посета на скопските општини Центар и Карпош.

-Не само што сум храбар туку оваа поддршка што ја гледам и чувствувам уште повеќе ме мотивира да сработиме до крај за чесни и фер избори и за добра иднина на нашата држава, а до целта сме, рече претседателот Заев.

Претседателот на СДСМ го соопшти категоричниот став на СДСМ и опозицијата дека се прифатливи само регуларни избори.

-2.600.000 евра власта префрлила на Сител, Канал 5 и Алфа само ден по кумановскиот инцидент. Овие телевизии објавуваа конструкции, лажеа, обвинуваа други, а јавноста слушна докази за поврзаност на високи владини функционери со случајот, изјави претседателот Заев.

Во населбата Лептокарија претседателот на СДСМ им соопшти на граѓаните дека постојат докази и за фантомски гласачи во Карпош.

-Овие два примера се потврда дека е неопходно да се прочисти Избирачкиот список и да се обезбедат услови за објективно известување на медиумите.

-Избори без опозицијата не може да има и нема да има. Ништо повеќе не зависи од Никола Груевски. Волјата на граѓаните одлучува, а народот е на нозе и промените почнаа, рече претседателот Заев.

-Не ги почитуваат законите, менуваат детални урбанистички планови без согласност од граѓаните, за пари и тендери, за сопствени интереси. Затоа им се потребни медиумите, да им ги кријат криминалите. Ништо веќе не ги крие Груевски и неговите соработници, сите што работеле незаконски ќе одговараат, а парите ќе им ги вратат на граѓаните, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев при синоќешните посети на делови во Центар и Карпош.

Zaev4_040216