(ВИДЕО) Заев: Добивме силна поддршка од европските социјалисти и демократи

0
1371

Pretsedatel Zaev_Pitela_Hovit 2

После денешната средба со тројцата европратеници, Џани Питела, претседател на групата на социјалисти и демократи во Европскиот парламент, Кнут Фленкенштајн, потпретседател на групата на социјалисти и демократи во Европскиот парламент и Ричард Ховит, лидерот на опозицијата порача дека има силна поддршка од социјалистите и демократите во европскиот парламент.

Подолу во целост го пренесуваме неговото обраќање:

„Благодарни сме, во името на граѓаните на нашата земја, за целосната поддршка на социјалистите и демократите во европските институции кои секогаш ја поддржувале Македонија, почнувајќи од поддршката за добивање на кандидатскиот статус, визната либерализација и поддршката за побрз почеток на преговорите за членство.

Социјалистите и демократите во институциите на ЕУ се вклучени и во напорите на меѓународната заедница да се најде решение за сериозната политичка криза којашто ја предизвика власта во заминување.

Оваа искрена и принципиелна поддршка на пријателите на Македонија е во интерес на сите наши граѓани.

Кај нашите пријатели и искрени поддржувачи постои сериозна загриженост од прекршувањето на роковите предвидени во Договорот од 2 јуни/15 јули од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Не постои друго решение освен целосно и доследно спроведување на Договорот. Со пријателите социјалисти и демократи од Европскиот парламент во последните недели, па и месеци, разговараме за програмата на СДСМ којашто ја градиме заедно со граѓаните.  Добивме силна поддршка и пофалби за концептот, за мерките, целта што сакаме да ја постигнеме, како и за следењето на линијата на прогресивната агенда на Партијата на европски социјалисти.

Тоа е визијата за европска Македонија. Визија за еднаквост, демократија, правда, владеење на правото, солидарност, подобрување на економијата, враќање на парите кон граѓаните, како младите луѓе да останат дома и како да ја обезбедиме европската перспектива на земјава“, рече Заев.