(ВИДЕО) Заев: Груевски со криминалните политики ја нокаутираше Македонија

0
1146

ZZaev1-640x320

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прашање за вчерашното интервју на премиерот Никола Груевски рече дека “најверојатно човекот се кае заради тоа што не ја даде оставката, па се претставува како боксер во некој ринг“.

-Во рингот на Никола Груевски од една страна се тој и врхушката на власта, а од другата страна се сите граѓани на Република Македонија. Со сите овие криминални политики во изминатите 10 години, Никола Груевски ја нокаутираше Македонија.

Нокаутот на Македонија го гледаме по сите овие повеќе од 600 илјади граѓани коишто ја напуштија државата. Повеќе од 500 илјади граѓани коишто живеат под прагот на сиромaштијата, повеќе од една третина од фирмите се со блокирани сметки, повеќе од 10 илјади фирми се затворени во државата. Нокаутот на Никола Груевски го гледаме со сиромаштија на секој чекор, урнисана економија, рече Заев.