(ВИДЕО) Ванхауте за 360 степени: Насекаде гледам корупција и клиентилизам на високо ниво, ќе требаат барем 2 години за да се организраат соодветни избори

0
1630

Во синоќешното издание на „360 степени“ на ТВ-Алсат посредникот во политичките разговори Питер Ванхауте излезе со проценка дека за организирање кредибилни избори ќе требаат години.

„Моето чувство е дека не станува збор за избори. Треба да се стремиме кон сериозни реформи. Насекаде гледам корупција на високо ниво, гледам високо ниво на клиентелизам. Ова се работите што прво треба да се надминат, а за тоа да се направи треба враќање на институциите на вистинскиот пат, вклучувајќи го и судството, образованието итн. За тоа ви требаат барем две години, па дури потоа може да размислуваме за организирање соодветни избори“ – рече Ванхауте.

Проследете го целото издание на „360 степени“ во чиј дебатен дел гостуваа Снежана Трпевска од Инстутот за комуникациски студии и Малинка Ристова Јордановска од Институтот за европски политики.