(ВИДЕО) Богдановиќ: Ако докажете дека сум земал 2.000 евра плата, ќе поднесам оставка

0
1095

sashabogdanovich1

Директорот на Јавното претпријатие ПОЦ Саша Богдановиќ на денешната седница на Советот на општина Центар, од советничката група на ВМРО-ДМПНЕ побара доказ дека, како што тврдат земал 2.000 евра плата.

„Ако докажете дека навистина сум земал толкава плата, јас ке си поднесам оставка од функцијата директор на ПОЦ. Во спротивно Вие како советник од ВМРО – ДПМНЕ поднесете си оставка од функцијата“, рече Богдановиќ.

Иако ВМРО-ДПМНЕ е иницијатор и побара да се расправа за висината на платата на Богдановиќ, на почетокот се противеа ова да биде прва точка од денешната расправа.

Тие побараа прво да завршат точките од 45-та седница, потоа да се одржи 47-та седница и на крај да се расправа за оваа тема.

Видеото ОВДЕ