(ВИДЕО) БОМБА на Оливер Спасовски: Граѓани од Пустец кои гласале во општина Центар се наоѓаат на фалсификуваните лични карти

0
1293

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска на прес-конференција обвини дека МВР на чело со поранешната министерка, Гордана Јанкулоска, незаконски издавало лични карти на лица на кои им било овозможено да гласаат на избори. Ова тврдење Спасовски, како што рече, го темели на истрагата што ја спровел изминатиов период, а во која предмет биле личните карти што им биле издадени на лица за кои во јавноста веќе имало сомнеж.

Тој покажа документи објаснувајќи дека за да провери како функционирал системот за издавање лични карти, побрал да се провери како биле издадени овие лични документи на 22 лица избрани по случаен избор.

– Едно лице од овие 22 воопшто не поседува лична карта, а го има во избирачкиот список, што значи дека има право да гласа. На другите 21 лице им биле издадени лични карти, иако немале решение за живеалиште, документ што е клучен за издавање на овие документи. Нивните лични карти се издадени целосно незаконски, а овие лица постојат во избирачкиoт список. Ова потврдува дека се правени злоупотреби при издавањето лични карти во МВР – рече Спасовски.

На новинарско прашање дали некое од овие 22 лица е од Пустец, Спасовски потврди дека најголемиот дел од нив се од таму и сите гласале во општина Центар.