(ВИДЕО) Ѓорѓиев: ВМРО-ДПМНЕ врши притисок врз вработените жени во Кавадарци

0
1208

Прес-конференција на Зоран Ѓорѓиев – претседател на ОО СДСМ Кавадарци:

Почитувани граѓани,

Никола Груевски ја нема поддршката од граѓаните на Кавадарци, ја нема поддршката ниту од младите ниту од жените. Тоа го знае и самиот Груевски.

Загубената доверба помеѓу граѓаните Никола Груевски сака да ја прикрие со партиски декрети со коишто хистерично бара 17 автобуси да бидат наполнети за присуство на годишното собрание на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, во недела, во Скопје.

Соочени со силно „не“ од граѓаните ВМРО-ДПМНЕ врши притисок врз вработените жени во општинската администрација и други државни институции во Кавадарци да присуствуваат на партискиот настан во Скопје.

Се прават списоци со вработени жени од коишто се бара по секоја цена да ги полнат автобусите на Никола Груевски.

Очигледно Никола Груевски жените од Кавадарци ги смета само за бројка којашто треба да го прикрива неговиот страв од соочување со граѓаните на слободни, фер и демократски избори и соочување со одговорноста за криминалот и корупцијата.

Ова е потценувачко и навредувачко за нашите сограѓанки, за секоја жена.

Методите блиски до фашистичката филозофија, ја девалвира положбата и статусот на жената во Кавадарци.

Во нормални општества, не се вршат притисоци врз жените да присуствуваат на партиски настани на коишто не сакаат да присуствуваат.

Во демократски општества жените се оставени слободно да носат одлуки а не во нивно име друг да им наложува што да прават.

Јавно апелираме сите наши сограѓанки да ги пријават притисоците. За овие злоупотреби на државните институции следува одговорност.

Почитувани граѓани, драги сограѓанки,

Времето на Никола Груевски заврши.