(ВИДЕО)Шилегов: 20 милиони евра отидоа за медиумска пропаганда наместо за граѓаните!

0
1278

„Република“ не може да ги оправда милионските приходи и не може да ја демантира поврзаноста со Белизе, даночниот рај на Никола Груевски. Официјалните документи го потврдуваат тоа, реагира портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

– За три години, во само три телевизии Сител, Канал 5 и Алфа, задолжени за ширење на владините лаги завршиле 13 милиони евра. Наши пари, пари на граѓаните. Заедно милионите на сметките на „Република“, „Курир“, „Радио Слободна Македонија“ и ново објавените 4 милиони евра за сопственикот на Нова ТВ, тоа се неверојатни 20 милиона евра! Тоа не е се. Освен од Владата овие медиуми добивале народни пари и преку рекламите на јавните претпријатија. Со овие 20 милиони евра можеа да се отворат 4 фабрики. Со овие 20 милиони евра може да се вработат најмалку 4 илјади граѓани. И тоа 4 илјади реални работни места а не виртуелни работни места во фантомски фирми – рече Шилегов.

Тој рече дека со овие 20 милиони евра 80 села во цела Македонија можеа да добијат современа амбуланта со медицински персонал и може да се изградат 15 нови, современи градинки и да се обезбедат соодветни услови за над 3.000 дечињата.

– Наместо за решавање на проблемите на граѓаните 20 милиони евра отидоа за пропаганда, нарачани прилози и црни кампањи. 20 милиони евра за медиумите кадешто вистински газда и уредник е Никола Груевски.Ова е една од причините зошто без да се обезбедат услови за објективно известување во медиумите не се можни фер и регуларни избори и предизборен процес. Затоа Никола Груевски не сака слободни медиуми и не прифаќа закони за регулација на медиумите  -порача Шилегов..