(ВИДЕО)Кирацовски: Земјоделецот кој го украде доменот Збогум Никола работел во МАРнет?!

0
1313

Прес-конференција на Александар Кирацовски, потпретседател на СДСМ и дополнителен заменик-министер за информатичко општество и администрација:

Скандалот со кражбата на доменот zbogumnikola.mk е огромен и ја потврдува партизацијата на институциите во Македонија.

Реков дека ќе ја испитам кражбата на доменот zbogumnikola.mk купен од СДСМ и вмешаноста на јавната установа МАРнет.

Соопштувам дека се вмешани институции на системот.

Вмешана е јавната установа МАРнет.

Вмешани се повеќе луѓе и правни субјекти.

Еве што откривме досега.

Знаете дека преку ноќ, доменот продаден на СДСМ, МАРнет го регистрираше на друго име, на име на индивидуален земјоделец, Новакови, од Велес.

Но, слушнете што се случува.

Во МАРнет е вработено лицето Новак Новаков од Велес.

Новак Новаков од Велес е вработен во МАРнет, а zbogumnikola.mk е регистриран на Новакови, индивидуален земјоделец од Велес.

Еве како одеше се:

Откако СДСМ доби потврда за купување на доменот, нецели 24 часа подоцна се појавил извесен Новакови, индивидуален земјоделец од Велес, кој преку приватен регистрар побарал од МАРнет да го купи доменот zbogumnikola.mk и експресно го добил.

Текот на случајот покажува дека откако е направена кражбата на доменот преку Новакови, од МАРнет направиле пререгистрација на доменот на име на непостоечка фирма – СОЛЕ ПРОМ.

Ден по нашата прес конференцијата, кога на МАРнет им стана јасно дека не можат да се извлечат од скандалот, доменот е пререгистриран на име на трето лице.

На извесен Ванчо Петрушевски од село Добри Дол!

Еве документ што го потврдува тоа.

Додека јавната установа МАРнет јавно со соопштенија тврдеше дека доменот не е украден од СДСМ, во нивниот регистар експресно го префрлувале доменот, од Новаков, преку Соле, на Ванчо.

Од самиот почеток кажав, ова е класична злоупотреба на институциите од страна на Никола Груевски и неговата власт.

Власта на Груевски мислеше дека ако го украде доменот zbogumnikola.mk ќе се спаси од информациите за нивните злодела.

Граѓаните за нив одбројуваат и читаат преку zbogumnikola.com.

Но овој случај ја потврдува дрската партизираност на системот на Никола Груевски што работи како машинерија за пари на фамилијата, а не за интересите на граѓаните.

Ако институциите на системот ова се дрзнале да го направат на најголемата опозициска партија, СДСМ, што има преставници во преодната Влада, што се случувало и се случува со граѓаните и фирмите?

Почнавме да го демонтираме криминалниот систем на власта на Никола Груевски и ќе ги ослободиме интитуциите, граѓаните и фирмите.